
ГЕРМАНИЈА: Социјалистите во водство, ЦДУ падна на второ место
Завршија изборите во Германија, кои за прв пат се одржуваат без учество на Ангела Меркел. Почетните резултати покажуваат пад на нејзината партија ЦДУ на второ место, после социјалистите.
Тоа значи дека и да опстане центристичката коалиција, сепак идниот канцелар ќе го даде СПД, а не ЦДУ, како до сега. Според калкулациите, тие имаат околу 7 повеќе пратеници од центар десничарите ЦДУ.
Идната влада ќе ја предводи центар левичар, а веќе се слави во изборниот штаб на социјалистите.
Ова е прв пат да не биде канцелар од редовите на ЦДУ после долги години мандат на Ангела Меркел.