ДОБРО УТРО од аматерката со меницата и медот

Добро утро

Меницата и медот!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Наследникот на Зоки катадневно гласно се фали со конфискација на нелегално стекнатиот имот на поединци. Активно работи на донесување на нов закон во кој пак, преку граѓанска постапка ќе било предвидено секој да може да биде „таргет„ на докажување на стекнување на својот имот. Со самото тоа што уште „Петко не роден, Љупче капа му скрои“ се насетува намерата и пораката која сака да ја испрати.

Знаејќи дека и самата постапка на докажување е еден вид психичко малтретирање на граѓаните без разлика на исходот од истата, неговата намера е покажување на моќ и влевање на страв и неизвесност. И сето ова пред избори. Вака се фалеше и Зоки пред да дојде на власт. Ќе апсеше криминалци, ќе вртеше бројчаник со високи суми, па и ќе ги враќаше парите кај граѓаните.

Притоа, во ниту еден момент не спомна дека за сето ова нема законска регулатива. Напротив, ги уверуваше граѓаните дека тоа е возможно и спроведливо. И е, што е за право. Се си е тоа така, но согласно сегашната законска регуатива тоа треба да биде спроведено од страна на судот. Поточно, конфискацијата да биде изречена како казна или мерка од страна на судот, по претходно спроведена постапка за извршено казниво дело. Значи проблемот не е во пишаните закони.

На ова имаат одговор исто така, велат тие се само извршна власт и немаат влијание врз судската. И тоа е така, всушност така треба да биде. Арно ама од друга страна пак, често Зоки знае да се пофали дека судството е сега сосема независно, па тоа дека откако тој е на власт променети се многу судии и со рака на срце, во негов стил да увери дека нема никакво влијание врз нивните одлуки. Еве да му поверуваме, иако не е за верување. Според тоа, зошто сеуште нема завршени судски постапки и одлуки за многу криминалци на чиј грб дојде на власт? Зошто сега Љупче со исти фори пред избори? Ајде претходно само криминалциве ги заплашувавте, сега пак сите во еден кош!

Каква ви е оваа конфискација со примеси на национализација!? Вие ниту знаете што планирате ниту ќе направите нешто. „Каша попара„ направивте од институциите и од државичкава воопшто. Кога ќе ви излезе неспособноста на виделина тогаш претходните ви се криви. Кога ќе дојде момент претходните да одговараат, законите ви се криви. Сега пак, кога претходниве ви „избегаа„ ви се лизнаа од раце, граѓаните ви се криви! И одлуката падна!

Да се донесе закон за заплашување на сите граѓани што во превод би значело, сите што нема да ве гласаат! Уште оваа глупост ќе беше премногу од тебе да ја слушнат, па го прати Љупче за замена, демек еве него овојпат повеќе ќе му поверуваат. Така ќе ги држиш во страв и тие што многу знаат околу тебе, а си им дал да чепнат во медот. Јако нема што, но веќе видено! И Грујо ги држеше извесен период со Меници, ама до кога?! Имаш среќа што опозиција ти глуми Димче, па ќе се протниш некако и овој пат, ама за нареден пат еден Господ знае!