
БИГОРСКИ е албански манастир за бугарска проруска агенција БГНЕС
Ким Мeхмети, албански етношовинист, наркоман, самонаречен новинар, писател и публицист, во интервју за проруската бугарска агенцијата БГНЕС фрла дрвја и камења по македонскиот народ и Македонија.
Според Мехмети, по втората светска војна, стотици илјади православни Албанци во Македонија беа асимилирани во Македонци. Како што и многу од албанските манастири и цркви беа присвојувани од Македонската православна црква, како што е примерот со манастирот „Свети Јоаким Бигорски “кај Дебар, каде службите се вршеле на албански јазик пред Втората светска војна.
Моите предци се молеа и во овој манастир затоа што потекнувам од Горна Река, вели Мехмети и додава дека пред доаѓањето на Османлиите, на овие простори, сите Албанци беа христијани, но таа вистината мене воопшто не ме спречува денес да бидам горд Албанец од муслиманска вероисповед.
Затоа понекогаш сум изненаден од хистеријата со која некои таканаречени македонски интелектуалци го негираат фактот дека Белград е тој што стори сè за да ги дистанцира Македонците од бугарскиот народ што е можно повеќе, вели тој.
Според Мехмети, ние Балканците, треба да разбереме дека народите не се одгледуваат во фарми, ниту пак јазиците се инјектираат во човечкиот памет преку вакцини слични на оние против КОВИД-19. Односно, ние треба да разбереме дека сè во оваа област е испреплетено и дека ние сме она што веруваме дека сме денес.
Но, ова не значи дека треба да се плашиме од вистината за нашите корени, бидејќи, како што реков, нациите не паднаа од небото, туку се гранки на заедничко дрво, објаснува Мехмети.
Што се однесува до етничките дилеми, вели Мехмети, мислам дека самата елитата на македонскиот народ е таа што ги охрабрува и негува. Пред неколку години, тие самите започнаа да ја менуваат својата историја и од народ со јужнословенско потекло се прогласија за потомци на античките Македонци?!