
ДОКАЗ кој ги уби Евреите од Македонија
Петар Богојески од Македонски Концепт објави писмен доказ за убиството на Евреите од Македонија. На него јасно се гледа дека Бугарија со државни пари платила и го извршила транспортот на македонските Евреи до логорите на смртта.
Богојески запиша:
„ЗЛОСТОР за 7 милиони лева!
Драги наши комшии, мили братучеди од Бугарија, доволно се брукавте со фалсификување на историјата!
Вашиот безобразлук кон мојата Македонија и нас Македонците ме тераат на ваков чекор…
Повелете доказ дека Бугарија дирекно ги испорачала македонските Евреи во логорите на смртта, а за тоа потрошила точно 7.144.317 лева!
Одрекување на злосторот е пострашно од самиот злостор!!!
Престанете! Престанете! Престанете!
Ако го начекавте Зоки недоветен, не значи дека сите во Македонија сме такви!
Нема да ви помине божидаризмот! Нема!“