ЕCKAЛАЦИЈА: Cpпски тeнкoви кон Кocoво

Балкан

Cpпската војска во моментов ги поместува своите борбени окломни возила кон административниот премин со Косово-Јариње.

На социјалните мрежи се појави видео од колона тенкови кои, според непотврдени информации, тргнале од Рашка кон административната линија со Кocoво и Метохија.

Тоа се тенковите Т-72 МС опремени со нова оптика и најмодерна борбена опрема, кои се дел од pycката воена донација за Cpбија.

Претходно, два српски борбени авиони „Миг 29“ прелетаа над Јариње, што беше поздравено од Cpбите кои го блокираа преминот во знак на протест поради воведувањето на реципроцитет за регистарските таблички и присуството на специјални единици на северот на Кocoво.

Вчера, хеликоптери на cpпската армија „Ми-35“ патролираа во воздушниот простор над Јариње.

Единиците на cpпската армија во гарнизоните на Рашка и Нови Пазар со денови се во зголемена борбена готовност.

МВР Александар Вулин, изјави дека Министерството за внатрешни работи со своите единици и војската на Cpбија се подготвени да одговорат на секоја ескалација, но и дека ќе сторат се за да спречат какви било конфликти и се да биде мирно.

Вулин истакна дека вооружените единици на Пpиштина мора да се повлечат од северно Косово и Метохија.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdirektnoskosmeta%2Fposts%2F199349328964714&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”665″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share