ВАЖНО од KУPТИ: За Cpбите, Македонија е привремена

Балкан

Проектот за размена на територии беше целосен неуспех, но идејата се уште живее во Бeлгpaд. Таму, сите соседни земји кои не се интегрирани во EУ, како БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија, се сметаат за привремени држави“, рече премиерот на Кocoво, Aлбин Кypти.

Според него, Cpбија „ја имитира Pycката Федерација и, со зајакнување на сателитските парадржави, сака да ги прикаже своите соседи како нефункционални и да ги претвори во пропаднати држави“.

„Република Косово нема да го дозволи тоа, независно Косово останува тука и е посилно како држава со функционални институции, кое излегува од економската криза и напредува кон Запад. Ние никогаш не се сомневавме во тоа, нашата цел е да влеземе во HAТО и ЕУ“, рече Курти.

Тој изјави и дека односите со Србија се важни, но дека „Косово е независна земја“ во која темата за дијалог со Србија не е меѓу трите главни приоритети.

Во интервју, Курти додаде дека не рекол дека дијалогот ќе биде целосно игнориран, но дека дијалогот со Србија за Косово е на шестото или седмото место на листата од 10 приоритети.