
ПОЛИТИЧАР си го одзема животот пред тpите дeцa
Ненад Ристиќ (43), еден од истакнатите членови на Српската радикална партија, поранешен советник во општинското собрание на Чукарица и кандидат за пратеник, си го одзема животот.
Тој скокнал од шестиот кат од зграда во улицата Јасенова во белградската населба Церак.
Во моментот кога одлучил да си го од-земе животот, две од неговите три деца биле во станот со Ненад, пренесуваат српските медиуми.
– Се изгледаше нормално утрово. Не се расправавме, немавме проблеми како семејство, изјавила неговата сопруга Мирјана, објавуваат медиумите во Србија.
Според медиумите мотивот за овој чин се уште е непознат, но постојат индиции дека семејството имало финансиски проблеми.