СКАНДАЛ: ЗАЕВ го оправдува Миле Јанакиевски

Политика

Заев со цел да го спаси Филипче од одговорност за трагедијата во Тетово, замина подалеку. Тој го оправда дури чинот од драмолетката по несреќата во Охрид со бугарските туристи, каде „Миле ми текна“ даваше демек оставка, а Груевски демек размислуваше дали да ја прифати, како сега Заев за Филипче и на крај не ја прифати.

Запрашан дали може да се спореди со оставката на Миле Јанакиески, поради несреќата на бугарските туристи на Охридското езеро, која Груевски, своевремено не ја прифати, Заев изјави дека се работи за различни околности, времиња и луѓе, но, и покрај тоа, смета дека Миле Јанакиески, не бил виновен за несреќата бидејќи, како што кажа не ги знаел околностите за истата и не е фер да обвинува.

Со ова и официјално Заев си призна дека со неговата екипа се исти како Грујо и екипата. На здравје шарени, вика народот!