
ГPOБOТ на Алeкcaндаp, зошто молчат
Пред точно три години, на 14ти јули 2018 година беше објавено археолошкото откритие во Египет, кое го нарекоа откритие на векот. Тоа беше објавено како конечно откритие на саркофагот на Александар Македонски.
Црн гранитен саркофаг стар повеќе од 2000 години или Пандорина кутија? Никој нема да дознае додека не го отвори. Проблемот е што не е познато што има внатре, а тоа може да биде почеток на прилично реалистичен хорор филм, пишуваа тогаш медиумите.
Министерството за култура во Египет објави историско откритие во почетокот на јули 2018 година. Откритието е најдено за време на рутинските ископувања за изградба на нова зграда во Александрија. Ова е најголемиот древен египетски саркофаг што некогаш бил пронајден, но никој не знае кој лежи во него.
Некои истражувачи тврдат дека телото на Александар Велики се крие во ковчегот, а теоријата оди натаму поради машкиот саркофаг изложен на алабастер. Според археолозите, гробот е од периодот на Птоломејците, кој започнал по смртта на Александар Велики во 323 п.н.е. и продолжи со смртта на Клеопатра.
Ако претпоставките на историчарите навистина се вистинити, веројатноста телото на Александар Велики да лежи во црниот ковчег е голема. Ова ќе реши една од најмистичните загатки на Антиката.
Веќе три години молк. Никој не објавува што беше откриено во црниот ковчег кој целосно одговара на описот на оној од авторите од времето на Александар. Зошто се молчи и не се објавува? Кој ја сокрива вистината и што сакаат да сокријат? Дали сепак го пронајдоа гробот на Александар, а не им се допадна тоа што го најдоа внатре?