
НАТО / КФОР интервенира на Косово
Ситуацијата кај граничниот премин Брњак во Косово е крајно напната, а припадници на специјалните единици на косовската полиција често се судираат со цивилни лица или возачи на автомобили со таблички на Косовска Митровица.
Посериозни инциденти се спречени благодарение на присуството и интервенциите на на КФОР (меѓународни мировни сили предводени од НАТО). Често се случува реакција на припадниците на КФОР и смирување на целата ситуација. Поголем собир на Срби цивили, кои протестираат на граничните места, често се пропратени со патроли од КФОР.
Ситуацијата на тој административен премин во моментов и натаму е многу напната бидејќи, според информациите од регионалните медиуми, припадниците на специјалната косовска полиција се обидуваат да ги принудат сите возачи да ги отстранат српските регистарски таблички од своите возила.
Косовската влада во понеделникот воведе мерка за реципроцитет не дозволувајќи возила со српски регистарски таблички да влезат во Косово и Метохија. Возачите со вакви таблички на влезот во Косово мора да земат привремени регистрации, исто како што граѓаните на Косово се должни да ги сменат регистарските таблички со ознака РКС при влез во Србија.
Покрај тоа, косовските власти тврдат дека табличките од северот на Косово (КС) веќе не се легални, а единствени валидни таблички се оние со ознака РКС (Република Косово).
Мерката предизвика протести на Србите во северно Косово и официјален Белград. На првиот ден од протестот косовската полиција фрлаше и солзавец врз Србите собрани кај Брњак.
Косовската полиција соопшти дека издала 1.455 пробни регистарски таблички за 24 часа, но новинар на РТС јави дека во општините од северот на Косово и Метохија и натаму се возат автомобили со српски таблички.