
САД со нова порака кон Бугарија
Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка на Скопје за членство во Унијата, пишува „Еуроактив“.
„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Македонија кон ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што нè засега сите нас“, рече новиот специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Според него, понудени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да најде компромис.
Ескобар, исто така, рече дека би сакал пристапните преговори за Македонија и Албанија да се случат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.
Вашингтон ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.