ИМПЕРИЈАТА го возвраќа ударот
Обвинителката Лиле Стефанова се најде на силен организиран удар од страна на мафијашките структури, се со една цел, да се спаси од затвор олигархот Орце Камчев. Таа е обвинете за прикривање на стан од 2016 година, кој го купила нејзината ќерка. По основ на тоа, одбраната на Камчев бара иземање на обвинителката од неговиот предмет за плацевите на Водно.
Дали ќе успеат да ја срушат и Лиле Стефанова како Катица Јанева?
Имено, Рената Стефанова ќерката на обвинителката Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за организиран криминал, пред повеќе од пет години успеала да купи стан во вредност од 75.000 евра во луксузниот објект на „Адора Инженеринг“ близу центарот на Скопје, но нејзината мајка не го пријавила во анкетниот лист, покажуваат податоците кои на својот фејсбук профил го објави новинарот Зоран Божиновски.
Според сознанијата, станот е купен на 11-ти јули 2016 година, заведен е во деловодните книги на компанијата, под број на договор 03-921/1, а нотарски е заверен кај нотарката Верица Синадинова на 23-ти септември 2016 година. Во тој периот Божиновски се наоѓа во истражниот затвор во Шуто Оризари по обвинение во предметот „Шпион“ кој го водеше Стефанова.
Но, интересно е што Лиле Стефанова се јавува и како обвинител во предметот „Империја“, со кој е опфатени и бизнисменот Јордан Камчев, а пред помалку од две години италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од телефонски разговор и меѓу Камчев, осомничен во „Империја“, и Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во случајот „Рекет“, и во еден од нив, Камчев вели дека сопственикот на „Адора Инженеринг“ Ванчо Чифлиганец му барал дуќан за обвинителката Стефанова.
Камчев, во разговорот со Боки 13, прашува дали обвинителката Стефанова е влезена во играта со нив
Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости. Јас одјебав све тоа, му вели Камчев на Боки 13.
Чифлиганец тогаш во изјава до медиумите ги негираше таквите тврдења.
Сепак, документацијата што сега ја приложува Божиновски, укажува дека Стефанова, односно нејзината ќерка купила станбен простор од „Адора Инженеринг“.