КОСОВО: Нападнати и повредени цивили

Балкан

Граѓаните на Косово, незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички продолжуваат да протестираат на северот на државата, во близина на премините Јариње и Брњак, каде што се распоредени специјалните единици РОСУ.

Имаше и инцидент на Брњак кога специјалните сили на РОСУ претепаа тројца Срби. Според очевидци, нападот врз цивилите Србите не бил испровоциран од ништо.

Повредените Срби беа префрлени во КВЦ Косовска Митровица, а двајца од нив имаат сериозни повреди. Косовската полиција негираше дека користела сила. На северниот дел на Косово сѐ уште може да се стигне само пеш.