CPБИТЕ од Кocoво: Се моли Pycија да зачепи

Балкан, Свет

Откако Министерството за надворешни работи на Pycија е загрижено за влошување на ситуацијата во Косово и смета дека постапките на косовските албански власти се провокации насочени кон истерување на Cpбите од автономната покраина, се огласија низа Cpби од Косово со молба „Pycија да зачепи!“. Се виде Pycија како не одбрани во минатото, сега е подобро да замолчи!

„Многу сме вознемирени од влошувањето на ситуацијата во северните региони на српската автономна покраина Косово. Во суштина, тоа е обид на локалните Албанци да окупираат области од провинцијата населена со Cpби и да воспостават нивна контрола таму. Сметаме дека овие чекори се провокација чија цел е продолжување на етничкото чистење и протерување на Cpбите од Косово“, се наведува во соопштението на веб – страницата на Министерството за надворешни работи.

Ова е веќе видено и слушнато за Cpбите од Косово, зашто освен соопштенија од Pycија друго не видоа на дело. Подобро нека замолчат и нека не ја влошуваат и онака комплицираната ситуација во која ние Cpбите пак ќе го извлечиме подебелиот крај, се коментарите на граѓаните.

Pycкото министерство исто така ги повикува косовските албански власти итно да ги повлечат полициските единици, да ја прекинат саботажата и сериозно да се справат со задачите за решавање на ситуацијата. Но од тоа ништо не преземаат, само повикуваат.

„Очекуваме дека американските и европските покровители на Приштина конечно ќе имаат отрезнувачки ефект врз нивните штитеници со цел да избегнат деструктивно сценарио што го загрозува целиот регион“, се додава во соопштението.

Со ова Pycите намерно ги ставаат американските и европските фактори против Cpбите и им ги слабеат позициите токму на Cpбите. Таа руска стратегија ги користи Cpбите како топовско месо за свои интереси за одржување на филмот на трајно непријателство со „лошиот запад“.

Претходно, шефот на општинското собрание на Зубин Поток, Немања Јакшиќ, изјави дека локалните Cpби продолжуваат да го блокираат контролниот пункт на северот на Косово и Метохија, дека ситуацијата е мирна, но напната и дека специјалните сили на косовските Албанци се на должност.

Полицијата на Косово во понеделникот објави дека возилата со српски регистарски таблички повеќе нема да можат да влегуваат во Косово, туку дека привремените косовски регистарски таблички мора да бидат поставени на влезот. Поставувањето времени регистарски таблички предизвикува протест кај Cpбите, поради фактот што тие не ја признаваат независноста на Косово.