ДОБРО УТРО од аматерката со Димче што бојкотира

Добро утро

Димче бојкотира!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Имајќи предвид дека бојкотот е правна практика што се обидува да примени казна на оние кои делуваат осудно од гледна точка етиката, ги разоткрива нечесните намери на потикнувачите на истиот. Неодамна граѓаните преку оваа правна практика беа злоупотребени од неколкумина за промена на името на државата во замена за нивни меѓусебни калкулации. Лажната цел за која ја применуваа оваа практика беше зачувување на името на државата, но вистинската цел беше ослободување на криминалци.

Од денешна гледна точка може да се потврди дека бојкотот им успеа во остварување на вистинската цел на штетата на граѓаните, секако. На идентичен начин еден од лидерите на тогашниот бојкот се обидува да делува и врз пописот на населението. Им се налути на останатите што не го дружат овојпат, но сепак одлучи да истрае во намерата. Така само Димче остана лојален на „шефот – диктаторот“ и продолжува да пакости по нарачка. Како се ближи некој судски процес за погореспоменатиот, така Димче бојкотира.

Треска од ракав лажни вести за пописот, што од него ништо не е чудно и ништо повеќе и не се очекува. На почеток ги уверуваше граѓаните дека неможат да бидат казнети ако не отворат врата, за пред два дена да изјави дека не се казнуваат за да не се утврди бројот на непопишани граѓани! Па побезобразно манипулирање до сега не е ни чуено ни видено! Сега професоре смеат да бидат казнети или не?

Но која е неговата вистинска намера – цел? Да го минира пописот и да нанесе општествена штета? Можеби сака, но нема толкава моќ. Овојпат не му веруваат, бидејќи еднаш ги излажа граѓаните. Единствено што може е преку манипулации со државни податоци да оствари политички краткотраен профит. Ваквиот Димче Апасиев е претседател на политичка партија која има двајца пратеници во македонскиот Парламент. А тоа пак драги мои, исто така за жал, е нашата политичко – партиска реалност со која се бориме.

Но, што друго може демократско да се очекува од една партија која во изборна програма има пишано дека се залага за признавање на диктаторската и изолирана, од цел демократски свет, Северна Кореа, или уште повеќе од нејзиниот лидер Апасиев кој е извор на лажни вести и заканувач со закоравен експлицитен говор на омраза кон неистомислениците.