КOPOНАТА ocтава пocледици врз децата

Живот

Речиси секое 11-то дете кое било позитивно на кopoнавирус, сега искусува долгорочни ефекти од Koвид-19, се вели во студијата на изpaeлското Министерство за здравство.

Сепак, таа бројка исклучително се намалува по неколку месеци. Тешката форма на коронавирус е почеста кај возрасните, но нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе, кои се повеќе склони кон сериозни компликации, соопшти Министерството.

Телефонското истражување спроведено во јуни собра податоци од родителите на 13.834 деца на возраст од 3 до 18 години кои закрепнале од Koвид-19. Тие беа прашани дали децата покажуваат преостанати симптоми, како што се проблеми со дишењето, летаргија и губење на мирис и вкус. Заостанати симптоми се пријавени кај 11,2 проценти од децата. Оваа бројка се намали на 1,8-4,6 проценти шест месеци по акутната форма на болеста.

Студијата не вклучува податоци за ефектот на вакцинацијата. Изpaeл неодамна дозволи вакцинација на деца над 12 години. Вакцинацијата на оние над 15 години е дозволена со месеци. Една неодамнешна британска студија покажа дека едно од седум деца може да покаже симптоми поврзани со кopoнавиpycот, неколку месеци откако ќе има позитивен тест за кopoнавиpyc.