ИНИЦИЈАТИВА за симнување на Воинот на коњ

Македонија

За време на Владата на премиерот Никола Груевски, покрај останатите споменици на плоштад Македонија се изведе и посебна фонтана со споменик на античкиот македонски крал Александар Трети Македонски и придружни содржини.

Поради страв од реакција на соседна Грција, тогашниот премиер Груевски тој споменик го именуваше како „Воин на коњ“, што наиде на општ потсмев во јавноста. После Преспанскиот договор, ние сме принудени да поставуваме спомен плочи на секој од тиер „антички“ споменици, дека станува збор на историско и културно наследство на хеленизмот, иако спомениците се изградија пред неколку години. Тоа е целосната иронија на самиот Договор.

Во земјава се се погласни иницијативите за „симнување“ на Воинот на коњ од таа фонтана и секонструкција на истата. Особено како аргумент за тоа се користи кастастрофалната состојба на фонтаната, поради неквалитетот со кој е изработена и изградена. Новите власти на Град Скопје, а особено Владата на Заев не сакаат ниту да чујат за нејзино одржување и реставрирање, иако е централен споменик во Македонија.

Сепак главен аргумент за негово тргање од плоштадот е понижувањето од новите табли поради Преспански договор, а особено тоа што централниот плоштад на земјата не нуди можност да биде почитуван од сите и користен од странски државници.

За време на акцијата за „брусење на сонцето од Кутлеш / Вергина“, се отвори дискусија за потеклото на „сонцето на Алексадар“ и за правото на користење на тие симболи од страна на нас Македонците.

Иницијаторите за симнување на Воинот на коњ од таа фонтана, нудат предлог со ново решение за плоштадот Македонија. Според нив, на Македонија и недостасува место за почит на сите паднати јунаци за слободата на земјата, како што е Националниот меморијален центар Арлингтон во Вашингтон, САД. Тоа е место каде сите светски лидери при посета на САД оддаваат почит на незнајниот војник кој животот го подарил на слободата на САД. Тоа го немаме во Македонија.

Дополнително сметаат дека Македонија како мултиетничка и мултиконфесионална држава, треба да има споменик на кој сите граѓани лично ќе се поклониме. Кој ќе биде симбол на слободата на Македонија, почитуван од сите нас, без разлика на етнички, верски или политички идентитет. Тоа треба да биде Националниот споменик на назнајниот Херој на Македонија! Плоштадот Македонија и таа фонтана на Воинот на коњ се совршено место за тоа.

Споменикот веќе се распаѓа, а власта одбива да го реновира. Дополнително како Македонци сме понижени од фактот што на централниот плоштад на нашата Татковина, на централниот споменик стои наметната „грчка плочка“ за култура која не му припаѓа на нашиот народ и нација, именувана со погрешно име како „хеленизам“. Тоа не е автентично, туку современа политика.

Фонтаната треба да биде делумно реконструирана, наместо Воинот на коњ да биде „Вечниот пламен“ симбол на слободата на Македонија, а доле место за оддавање на почит пред гробот на Незнајниот Херој на Македонија, кој го подарил животот за ослободување на земјата, без разлика на неговиот идентитет. Така светските лидери ќе доаѓаат и ќе поклонат свежо цвеќе пред нашиот македонски Херој, а ќе се поклонат и пред пламенот на слободата на Македонија. Поголема чест од тоа за нас неможе да има.

Само помислете како американскиот претседател Бајден или германски канцелар или француски претседател или британски премиер се поклонуваат и оддаваат почит пред паднатиот Херој на Македонија на централниот плоштад Македонија. Поголема почит за нас и за нашата држава не може да има. Сепак треба да се согледаат аргументите во оваа насока.

Скултурата на Воинот на коњ може достоинтвено да се постави на нова локација со достоинствено име Александар Трети Македонски Велики, како што му доликува, а не да се понижува со лажни имиња.