
АНТИВАКСЕРИТЕ се фанови на Путин и Кина
Последните социолошки истражувања, спроведени преку социјалните мрежи покажуваат шокантни податоци.
Профилите кои се релевантни и констатирани како сопственост на реални луѓе, а се најактивни во кампањата против вакцинација во Македонија, се најчесто ширачи на лажни вести, следачи на проруски портали, споделуваат вести за теории на заговор и сл.
Фрапантни 78% од тој дел од профилите на социјалните мрежи, на своите профили најмалку еднаш, но најчесто повеќе пари, имаат споделено профилна слика на Путин, споделено вести поврзани со рускиот претседател или ја глорифицираат Кина.
Тоа означува дека популацијата која е сколна да верува на теории на заговори, паѓа на сите лажни вести, вклучително и тие за теориите за вакцинацијата. Доколку сте доволно наивни да верувате дека Путин свири клавир, вози подморница, авион, брод, кола, јава коњ, мечка и ирвас, а Кина е најдемократската земја во светот, тогаш секако ќе поверувате на одлично спакувани теории за вакцините.