ДOБPO УТPO од аматepката и од ДPУГAPЧO

Добро утро

ДРУГАРЧО

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Неможам да разберам што е толку чудно што Бoки 13 е забележан како слободно се движи низ центар! Ништо не е невообичаено.

Пред извесен период Кичеец се релаксираше со “брза вожња”, а Рашкоски си беше на рекреативна прошетка! Другарчо Зоки убаво ви објасни за едниот дека си бил на заслужен одмор кој му следува, а другиот на прошетка што исто така му следува. За брзо ќе ни објасни дека и Боки си има право на шопинг кој му следува!

Кој како си милува така си го поминува слободното време. Никако да разбереме дека и за нив “дојде живот”. Другарчото убаво си вели, едно општество за сите, сите се еднакви пред законот и т.н. Проблемот е во различната перцепција. Луѓево неможат да ја разберат неговата, а тој нивната.

До сега ваков политичар, владетел не сме имале. Секогаш позитивен, со надежен говор, одговара на секое поставено прашање. Никогаш нема одговор кој содржи “не” или “неможе”, напротив вели се е возможно! Незнам што сака овој народ повеќе! Мерак да ти е да го гледаш и слушаш.

Кога ќе се појави мислиш Stand-up comedy гледаш! Врв! Да го немавме ќе требаше да го измислиме. Во едни други времиња народов се релаксираше со скечеви од типот на К-15, кои често знаеја да ги исмеваат политичарите, ама тие се емитуваа еднаш неделно. Сега другарчо го има секојдневно и нема слободен простој за такви продукции. Народецов наш “купи ден помини” си се забавува и гледа сеир. Другарчото си “гази” по “правиот пат” и живот си живее, па што и да е ќе помине!