
Како вистински изгледала македонската КРАЛИЦА
На 12 август се навршуваат 2039 години од смртта на најславната Македонка на сите времиња – познатата египетска кралица од македонско потекло Клеопатра VII.
По смртта на Александар Македонски познато е дека огромната Македонска империја бргу се распаднала на неколку држави. Но, Македонците и натаму останале да владеат со некои од нив. Така, Македонците останале да владеат со Египет, кој се одделил како самостојна држава, на чие чело застанал александровиот генерал Македонецот Птолемеј Лагов. Тој ја основал македонската династија Птолемаиди, чии припадници останале да владеат со Египет уште речиси триста години по смртта на Александар Македонски.
Македонското етничко потекло на Птолемеите го потенцира најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј. Кралевите од династијата на Птолемеите тој сосема јасно ги нарекува “Македонци”(Агаинст Апион…II, 5).
За македонското етничко потекло на Птолемеите пишува и ранохристијанскиот писател Иринеј. Дел од неговото творештво го пренесува познатиот ранохристијански историчар Еузебие од Цезареја (околу 260 – 340 год.). Пишувајќи за создавањето на библиотеката во Александрија и Иринеј го споменува македонското потекло на Птолемеите. Овде читаме: “Уште пред Римјаните да ја воспостават својата империја, во времето кога Македонците се уште ја држеа Азија, Птолемеј синот на Лаг, посакал да ја збогати библиотеката што тој ја направи во Александрија со вредни книги од сите луѓе…” (Eusebius of Caesarea: Church History, Book V, Chapter 8, The Statements of Irenaeus in regard to the Divine Scriptures).
Македонското етничко потекло на Птолемеите е спомнато и на официјалната веб-страница на Интернет, поставена од египетската влада (конкретно од Министерството за туризам на Египет). Во краткиот осврт кон историјата на Египет, Птолемеите се наречени како “Македонска династија“ (Alexander the Great, Macedonian Dinasty).
Научниците користејќи ги најновите технички можности, врз база на скенираниот череп на Клеопатра и сликите портрети кои се изработени уште за време на нејзиниот живот, како автентични и скултури со приказ на ликот на кралицата, направија реконструкција на нејзиниот лик.
Сега веќе автентично може да дознаеме како изгледала најславната македонска кралица – фарон на Египет.