ПУТИН е готов
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин завршува со својата политичка кариера. Тој како најпопуларен политичар во Русија владее веќе долги години, веднаш по заминување на предходникот Борис Јелцин.
Долги години рејтингот на Путин беше несоборлив, а тој продолжуваше мандати преку изигрување на рускиот Устав. Често менувајќи ги позициите премиер и претседател на Русија, успеваше да продолжи мандат надвор од уставните ограничувања.
Последните истражувања на јавното мислење покажуваат огромен пад на рејтингот на рускиот претседател. Особено во големите градови како Москва и Петербург, но тоа е веќе тренд низ цела Русија. Во Москва неговиот рејтинг паднал на 38,7%, а во Петербург дури на 26%. Падот на Путин е неизбежен и доаѓа за кратко времем коментираат политичките аналитичари од земјата. Веќе се отвараат дискусии за негов наследник, притоа никој не типува на поранешниот претседател Медведев.
Дискусиите веќе се водат и во партијата на Путин, Единствена Русија, при тоа се бараат причини за тој историски пат. Анализите се дека рускиот дисидент Навални е поопасен за Путин во затвор отколку во егзил надвор од Русија. Токму тоа е причината зошто Навални се врати во Русија и доброволно се пријави да остане во затвор.
Навални сосема свесен дека ќе падне во маченички затвор под режимот на диктаторот Путин, сепак се одлучи да прифати таква судбина. Со тоа Навални стана идол на младите генерации Руси, кои масовно застануваат на негова страна, а против застарениот модел на руски херој како Путин! Дали Навални е следниот руски претседател?