ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА: Читајте и плачете што дочекавме

Македонија

Според германскиот весник „Велт“, Македонија била предупредена од Мухамед Наим Аџубсада, шеф на Изборната комисија во Авганистан за нефункционалноста на биометриските читачи. ДА, точно прочитавте, ДИК од Авганистан дојде ред да ни дава препораки за жална Македонија!

Во Авган резултатите од претседателските избори во 2019 година доцнеле пет месеци поради проблеми со системот на биометриска идентификација, па Аџубсада тврди за „Велт“ дека ја предупредил и владата во Македонија за конфузијата што се случила во неговата земја, но не бил послушан.

Уште потрагично е што тој од Авганистан ни кажува за наместен тендер за набавка на читачите, а потврда за тоа е што компанијата добавувач најавила дека ќе ангажира двајца подизведувачи. Сите ќе добијат по 14 проценти од целата сума – вкупно 3 милиони евра. Квалификациите на овие две компании не се веднаш јасни: едната му припаѓа на поранешен одбојкар кој извесно време нудел идентификациска технологија заедно со партнер од Белгија. Но како единствен соработник во неговата фирма, барем на мрежата ЛинкдИн, фигурира една жена со искуство како манекенка. Прашан за ова, поранешниот одбојкар тврди дека зад него стои ‘голем тим’. Вториот локален партнер, според сопствената интернет-страница, нема ништо заедничко со биометрија, туку нуди психолошки совети и односи со јавност“, објави германскиот весник.

За еден од подизведувачите, „Велт“ пишува дека основачот во минатото се сметал за добро поврзан со долгогодишната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Член на оваа партија бил директно поврзан со тендерот, а нејзиниот партиски шеф лично го бранеше“, се вели во текстот.

Денеска, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски соопшти дека пристигнал серверот за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.