
ДОБРО УТРО од аматерката со возот од Европа
Европскиот воз стигна!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Уште едно спектакуларно достигнување на владата. Видно возбудено известуваат за возот кој пристигна вчера. Истиот беше пречекан со делегација и воздишки. На толку “макотрпна” работа, конечно го дочекаа и тој момент. На среќата и нема крај!
Но, во исто време им направи мал технички проблем – не е ставен во листата на достигнувања на владата со која планира да се фали на престојните избори. Ќе мора да печатат нова. Ништо страшно. Неодамна “лапнаа” седумцифрена сума од буџет. И така ќе се фалат дека сме на чекор до ЕУ!
Другари, веќе не сте интересни. Состојбата на нашите железници е далеку од нормалното. Единствена меѓународна линија беше до Солун и таа ја укинавте! На сета мака што ја има народов вие мајтап терате!
А кога нашиот воз ќе пристигне до ЕУ?! До каде сте со “шините”? Зошто ги изместивте и ви завршуваат со крајна дестинација Белград? Можеби тоа е вашиот “прав” пат, но не и вистински за крајната дестинација на која сакаат да стигнат останатите патници.
Најдоброто и најмалку што може да направите за државава е да си купите карти во еден правец и да си заминете на далечен за вас прав пат!