ПЕНДАРОВСКИ тера мајтап со Заев

Политика

Претседателот Пендаровски вели дека до сега не чул човек во затвор да направи собраќајка!

За него целиот случај со сообраќајната несреќа на Стража во која учествуваше и затворениот за „Рекет“ Зоран Милески Кичеец и во која загина едно лице е – апсурден од секој аспект.

„Јас не сум чул, не сум прочитал вест во било кој светски медиум дека се случил таков настан на кој било континент. Дека човек кој е во затвор направил сообраќајка“, рече Пендаровски во интервју за Алсат емитувано синоќа.

Вели дека не му е јасно како Кичеец бил пуштен 30 дена од затвор поради аритмија, за која исто така вели, дека му е нејасно дали самиот Кичеец или неговата мајка ја имале таа дијагнозата.

Тој рече дека не е праведно во исто време поранешните функционери кои лежат во затвор да не можат да ги видат своите деца.