СКАНДАЛ: ЕУ уште во мај им најавила „ковид пожари“

Свет

После пропаста на европската агенда за Македонија, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и МНР Османи изјавуваа дека ЕУ ќе ја носеле во Македонија, наместо Македонија во ЕУ. Еве што ЕУ им препорачала уште во мај 2021 година за пожарите во ковид центрите.

Огромна трагедија однесе повеќе животи во Тетово. Речиси целосно изгоре модуларната болница која беше наменета за Ковид пациенти. За ризикот од пожар во болница, каде има огромни количества кислород, предупредила Европската комисија во Мај 2021 година и донела серија на препораки кои земјите треба да ги преземат со цел превенција од пожари.

Според комисијата, од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 43 пожари во Ковид центри ширум Европа, во кои се повредени или загинати над 200 луѓе.

Комисијата констатирала дека секаде каде што интензивно се користи кислород, постои зголемен ризик од пожари и токму поради ова донеле серија на препораки за превенција.

За споредба, се до 2020 година, пред почетокот на пандемијата, пожари во болници во Европа се случувале во просек еднаш годишно.

Според документот на Европската комисија и Заедничкиот истражувачки центар препораките мораат да вклучат три клучни елементи:

  • Препораките за употреба на кислородот при третман на пациенти заразени од Ковид 19 треба да содржат специфични превентивни мерки кои можат да го намалат ризикот од збогатување на просториите со кислород како резултат на третманот. Со други зборови, потребно е да се превенира протекување на кислородот во просториите каде што се сместени пациентите, оти просторија збогатена со кислорот е лесно запалилва.
  • Сите болници треба да имаат стратегија за управување со ризици и за опасностите кои ги носи управувањето со кислород. Стратегијата треба да биде предводена од менаџментот на болниците, а да ги вклучува сите останати во болниците.
  • Како дел од овие политики сите болници треба да го следат бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка и кога тој број ќе се зголеми треба да се примени соодветна политика за менаџмент на ризик од пожар.

Во препораките помеѓу другото стои дека сите болници треба ги користат како пример стратегиите кои се веќе развиени за безбедност од пожари при управување со хемиски реакции или со запаливи материи. Оние кои ќе ги креираат процедурите за заштита од пожар во ковид центрите треба да земаат пример од веќе донесени процедури во други дејности. Процедурите кои ќе се носат од страна на менаџментот треба да ги вклучуваат сите во болницата како и одделите за интензивна нега кои ќе бидат потребни во случај на пожар.

Целосниот документ е обемен, стои на веб страницата на комисијата и се надополнува постојано со нови препораки.

Каде биле Заев, Димитров и Османи да ја донесат Европа во Македонија, односно да постапат по препораките на ЕУ за превенција од пожари во ковид центри?

Нема информација дали Ковид центрите во Македонија имале вакви протоколи за работа.

Во врска со случајот во Тетово обвинители се на терен и ги утврдуваат причините за пожарот.