CKAНДАЛ: Филипчe мaнипyлиpa, нe ja кaжа виcтинaта

Македонија

Министеpoт за здpaвcтво Вeнкo Филипчe понуди оставка на позицијата министер, но не ја даде истата. Која е манипулацијата на Филипче и Заев и дали ја прават истата игра како Груевски и Миле Јанакиевски од времето на неcpeќата во Охрид.

Имено, правните експерти го тврдат сленово:

Уставот и законот не познаваат понуда на оставка, туку поднесување оставка. Исто така не постои неотповиклива или отповиклива оставка. Оставка е оставка, која органот што го избрал функционерот само ја констатира, без расправа и избира друг извршител на место на функционерот што поднел оставка.

Во случајов, ако министерот поднел оставка, Собранието ја констатира на првата наредна седница и по предлог на претседателот на Владата избира нов министер.

Ако понудил оставка, а такво нешто не постои, тој е сеуште министер. Само, во ваков случај, претседателот на Владата може на Собранието да му предложи разрешување на тој министер и именување нов. Секако и интерпелација е во игра.

Оваа манипулација на Заев и Филипче нема да помине неказната од страна на граѓаните на следните избори.