СКАНДАЛ: Како се станува кандидат за градоначалник

Uncategorized

Голем скандал ги тресе политичките партии во земјава. Од страна на кандидати за градоначалници од повеќе партии, пред се од најголемите од македонскиот блок, пристигнуваат скандалозни тврдења.

Имено, забележано било купување на кандидатури за градоначалници за кеш! Кандидат за градоначалник се станува доколку платиш значителна сума на лидерот на партијата или на самата партијата, како што тврдат неколку од нив. Зависно од важноста на местото и од големината на општината, сумите се движеле од неколку десетици илјади евра до милион евра за една скопска и една пелагониска општина.

Доколку проценката е дека градоначалникот јако ќе ќари и добро ќе ја наплати функцијата на грбот на граѓаните, од партијата или лидерот му земаат поголема сума пари. Доколку се процени дека нема толку „кеш“ во таа општина, ќе им биде послабо наплатено за кандидатурата.

Најголем скандал изби во Битола, каде информациите се дека кандидатите за градоначалници искеширале по милион евра за кандидатируте. Тоа предизвика криза во двете општински организации на двете најголеми партии во земјава. Наместо „народни“ кандидати, кои сакаат да работат за народот, партиите кандидирале кеширани кандидати.

Овие информации кои доаѓаат од партиските штабови придонесуваат кон уште поголемо разочарување на граѓаните кои и онака апстинираат од гласање. Доколку се разоткрие и реализација на парите, тогаш веќе изборите губат смисла, односно активизмот во партиите станува бизнис, а не борба за идеали и вредности.