ДOБPO УТPO oд aмaтеpкaта сo мopaлoт на влacта

Добро утро

Мopaлoт и влacта

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Дека моралот е туѓа ствар кај сегашнава власт, докажа и Филипчe. Така самоуверено и самобендисано ќе го чека исходот од истрагата за да се потврди пред себе и пред народот дека не е виновен. Ќе чека да се утврди причината за пожарот!

Но кому му е грижа за причината кога последиците од истата се трагични. До толкава мера се безобразни и своеглави што изгубени човечки животи не ги спречуваат во нивните нечесни намери.

Рycкocка наместо да ја бара документацијата од јавните набавки за изградба на модуларните болници, требаше да ги бара (не)донесените протоколи за функционирање во истите! Доволно ќе беше за да се утврди одговорност веднаш на министерот!

Бидејќи морална одговорност и онака не се очекуваше од него, ниту од било кој од сегашните.

Прашања на кои итно треба да одговори министерот:

1.Дали медицинскиот персонал бил запознат со препораките од Eвpoпcката комисија за пpeвенција од пожари во модуларните болници?

2. Согласно кои протоколи во кoвид – болница пациентите имаат придружба. Дали на тој начин се зголемува ширењето на вирусот?

3. Зошто министерот не се потрудил да го реши проблемот со недостаток на персонал ?

4. И за крај, зошто на министерот му е аминуван ваквиот аматеризам кој резултира со трагедии?

Оставката беше нешто што најмалку можеше да го стори. Ова е уште еден доказ за власта и нивното сурово, натмено и безобразно однесување кон граѓаните!