
ДОБРО УТРО од аматерката со дилириум
Дилириум
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Подмолната игра со прикажување на неточни бројки на позитивни случаи, манипулативните мерки кои ги спроведувате, сметајте дека ќе ви се вратат како бумеранг. Непрофесионалноста и аматерскиот начин на пристапување кон потребите на пациентите и персоналот во здравството, не доведоа до трагедија минатата ноќ!
Играта која ја играте е опасна и сензитивна, а цената која ќе ја платите е превисока! Не запирате! Самоуверено и организирано продолжувате да газите и “јадете живи луѓе”! Ја преминавте црвената линија со вашата неодговорност. Секој ваш обид да ги спречите информациите, давајќи лажен привид дека ја имате состојбата под контрола и да не пристапите сериозно, завршува со трагичен настан.
Вие сте целосно во дилириум (поматеност на свеста проследена со халуцинации)! Ако ви треба помош, побарајте, има луѓе кои знаат, можат и вистински се грижат!