ТEТOВO вo жaл, кaдe e винaтa

Македонија

Според неофицијални информации во медиумите станува збор на повеќе од триесетина жpтви во пожapoт кој вчера избувна во мoдyларната бoлница во Тeтoво.

Сител телевизија пренесе дека станува збор за бројка од 30 починати, додека пак Радио Лидер дека станува збор на 39 починати лица.

Бројките се неофицијални од екипите на терен, се очекуваат точни информации, но навистина ова е цpн ден за Тетово и тетовчани.

Сите се прашуваме каде е вината, кој е виновен? Кога се поставува такво прашање, сите веднаш очекуваат да се насочи вината кон еден или неколку лица и да се затвори прашањето. Но дали е така?

Вината е во системот. Во овој трул и неодржлив систем, каде секој краде од државата, каде се е импровизација дури и болниците. Систем кој нема превенција, не е систем. Систем каде се импровизираат школи, болници, институции, произвоидство, безбедност, а нема контрола на квалитет и стандарди, туку само направи колку да замачкаш очи на народ, е тука е вината. Во криминалците кои управуваат со оваа држава и импровизираат држава.

Не може се да биде неквалитетно, труло, да личи на мермер, а да не е мермер, да личи на болница, а да не е болница, да личи на школо, а да не е школо, а да не се случуваат вакви трагедии. Во опасност сме насекаде низ нашата држава. Во болници, во школи, на улица, покрај лажни фасади на згради. Секаде може да се изгубат човечки животи.

До кога вака? До кога ќе толерираат македонските граѓани?

Преминати се црвените линии!