ДОБРО УТРО од аматерката за 30 години независност

Добро утро

30 години независност!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

30 – ти неуспешен обид за создавање на нормалност! 30-ти обид за уништување на с’ржта – идните генерации! Ова требаше да биде прослава за 30 годишно уредено и почитувано образование, развиена култура и отворена алтернативна сцена.

Држава која учествува во сојуз што ѝ овозможува културна, економска, образовна и научна размена и соработка. Држава во која јасно се одредени основните општествени вредности! Држава каде професиите се почитувани и вреднувани како што доликува и каде постои заемна почит. Држава со изграден вредносен систем, со силен морален код, слободна и поврзана земја! Држава во која се почитуваат основните хуманистички постулати. Но, ние сеуште очекуваме да изгрее новото сонце на слободата!

Ние не создадовме внатрешно македонски консензус, туку зачнавме етнополитика која постојано се радикализира. Ние дозволивме во интерес на некој увозник на шеќер да ја затвориме Шеќераната, некој трговец со стакло да ја отепа Стаклара, некој трговец со прозорски рамки да ни ја затвори „Алумина“. Кој има пристап до ресурси и до пазари, тој има можност да го оплодува капиталот голтајќи ѓи тие ресурси.

Ние ја создадовме олигархијата, а заедно со неа митото и корупцијата! Ние ја создадовме Мила за да ни се врати како бумеранг сегашното нејзино опакостување на идните генерации! И само НИЕ можеме да ја поправиме оваа грешка.

Нека ни е честит и вековит денот на нашата татковина!