МКонцеп и Богојески со честитка за независноста

Македонија

Браќа и сестри Македонци и Македонки (сите граѓани на МК), утре е голем ден… утре е свет ден… утре е ден над деновите… ден на кој се исполни сонот на нашите прадедовци и прабаби… денот на независна и суверена Македонија!

8ми септември 1944 година нашите предци прогласија Независна Држава Македонија, која уште наредниот ден на 9ти септември беше нападната од болшевичките бугарски орди и во крв задушена следните месеци!

Не се предадовме… не се дадовме!!!

8ми септември 1991 година беше прогласена Независна Република Македонија, која 30 години се бори за своите правдини и своето место во светот!

Нема да се предадеме… нема да се дадеме!!!

“Северна” е само една етапа од развојот на нашата државност… НАТО и ЕУ се само еден чекор за зацврстување на македонската Република… ќе има уште многу чекори, уште многу векови…

Уште многу ќе се родат и многу ќе умрат, но Македонија ќе живее!!!

Борбата за Македонија нема крај!!!

Да си ни жива и секогаш независна и суверена Македонијо наша!!!