СКАНДАЛ: Владата на Заев наредила фалсификати

Македонија

Голем скандал ја тресе администрацијата во земјава. Според информациите до кои дојде МКДенес, Владата на Зоран Заев наложила фалсификување на историските факти за Македонија од страна на државните службеници.

Имено, при изготвување на службени акти, наложено им било на државните службеници да цитираат Службен весник на Северна Македонија за објави на Службен весник во Република Македонија. Тоа значи кога се изготвува еден акт и се наведува законски основ за негово донесување, наредбата била да не се става вистинскиот назив на Службен весник на Република Македонија, туку да се цитира на Северна Македонија, иако во тој период не постоела Северна.

За Службен весник од 1996 година да пишувале Службен весник на Северна!!! Има ли поголемо лудило од тоа?

Така доаѓаме до лудилото на премиерот Заев и неговите министри кои честитаат независност на Северна во 1991 година, кога наведуваат Устав на Северна донесен во 1991 година, цитираат одлуки на Претседател на Северна Киро Глигоров од 1995 година и т.н.

Да им наложиш на државните служби да си фалсификуваат сопствена историја, на сопствена држава, да се самопонижуваат и да фалсификуваат докумнети од својата татковина, нема поголемо предаство за својата земја.