ЧУДО на сцена: Аце Коцевски со уникатна порака

Политика

Аце Коцевски градоначалникот на Велес, со уникатна порака за македонска политичка сцена.

„Упатувам повик до сите кандидати и кандидатки за градоначалник на Општина Велес, да дојдат во просториите на Општина Велес на разговор со мене и со стручните служби за да им ги ставиме на располагање сите информации за актуелните финансиски состојби и други информации кои ќе им бидат од корист во креирањето на нивните изборни програми и ветувања до граѓаните, со цел нивните иззборни програми да бидат што појасни, што поконкретни и да имаме вистински натпревар на идеи, на фер и демократска кампања, а не црна кампања.“ – напиша Коцевски на социјалните мрежи.

До сега ваков потег на еден градоначалник не е забележан! Пофалба за истото!