
МИЗЕРНО: МК медиуми со поддршка за насилството на СПЦ
Осуди за начинот на кој СПЦ изврши насилство врз црногорскиот народ и нивната желба да имаат свој црногорски свештеници и своја црногорска Црква, пристигнаа од целиот свет. Вклучително и од самата Србија.
На страна на осудата за тие настани застанаа и македонски свештеници, кои се исто жртви на големосрпските соништа на Балканот.
Само проруските медиуми во Македонија застанаа на страна на српското насилство, масовно споделуваќи ги постовите на српскиот неканонски патријарх Порфириј. Тој сподели ирационални впечатоци заминувајќи од Црна Гора, кој во Цетиње присуствуваше на устоличување на недостојниот митрополитот црногорско-приморски Јоаникој, за што со денови имаше немири низ земјата.
Така повторно против интересите на МПЦ – ОА и против македонските национални интереси, а во интерес на туѓи бели дворови се поставија разни измеќарски портали како НИнфомакс, Републики, Курири и сл. До кога ќе страдаме од домашни предавници како овие т.н. патриотски медиуми?