
БOГOJECКИ: Вpeме е зa нoвa Влaдa!
Коментар на Богојески, лидерот на Македонски Концепт на социјалните мрежи:
ВPEMЕ Е ЗА НOВA ВЛAДА!
Падот на оваа Влада започнува на овие локални избори!
За тоа да се случи, опозицијата мора да има „едно бројче“ на гласачкото ливче!
За да има „едно бројче“ на гласачкото ливче, треба да се соземи Мицкоски! Тоа е негова обврска, не наша!
Зошто тоа е обврска на Мицкоски?
Не зашто ние така сакаме или посакуваме, туку заради тоа што Вие граѓаните така одлучивте!
На Мицкоски му дадовте 300.000 гласови, со што се потврди на лидерската позиција во опозицијата, а на нас ни дадовте 3.000 гласови, без разлика на фалсификатот и „паднатиот систем“ на ДИК!
Наше е секој да ставиме рамо, да падне власта!
А да, заборавив… зошто да падне власта?
Затоа што Заев го напушти европскиот пат за Македонија, го посрамоти македонското племе пред цел свет, смена име за ОПНАТ Балкан, груевизмот го замени со заевизам, лудилото и ограбувањето на народот продолжи со забрзано темпо, „нема правда нема мир“, а правдата целосно ја секна, буквално умира нашиот народ од зараза највеќе од секаде во светот, наместо образование донесе сексование, наместо професија донесе етнофесија, наместо спокој донесе очај, а неговите градоначалници се покажаа како мочкарници (со чесни исклучоци)!!! – коментира Богојески.