ДОБРО УТРО од аматерката со налепените

Добро утро

Налепените

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Пред секои избори се коваат планови за придобивање на незадоволните и неопределени гласачи. Оние “сигурните” се послушни и ќе си гласаат посекако. Власта на секои нови избори “произведува” нови незадоволни. И така, ќе издвои некој кој ќе глуми незадоволен за да се препознаат останатите и преку него повторно да ги соберат гласовите.

Еден од нив е Бени кој има задача да го чисти патот на Петре. Не бидна директор на МКЦ, па сега ете шанса да се докажи! Доколку успее да “налепи” од незадоволниве може да дојде до функција. Некој зелени, некој црвени ќе ги соберат пак во ист куп.

Ленка глуми опозиција и е задолжена за оние “револуционерните” гласачи полни со гнев и омраза, не знаејќи дека ќе бидат ставени во истиот “кош” со омразените.

За кратко ќе биде јасно и за “дилот” на Мицко. Засега не се гледа искрена намера за вистинска победа. Со секое објавување на кандидати “замирисува” непријатно и дава сомнеж дека повторно невкусно “готви”. Но, ќе причекаме да стави “зачин”, иако сеуште “мириса” од претходната “манџа” што ја зготви.

Да се надеваме дека овој пат ќе намирисаат со време помошниците, па ќе го променат зачинот. Доколку се почувствува пријатна “миризба” има надеж!