
СКАНДАЛ: Српскиот патријарх со специјалци влезе во Црна Гора
Скандал Црква е СПЦ, ако воопшто може да се нарече Црква. На сила со полициски специјалци и воени хелихоптери, српскиот патријарх Порфириј беше внесен во манастирот во Цетиње, каде е историското седиште на Црногорските митрополити, сега узурпирано од нелегалните српски владици.
Спротивно на вољата на Црногорскиот народ, на сила со специјални сили им е наметнат српски митрополит, кој не ги признава за Црно Горци и не признава постоење на црногорски јазик.
СПЦ продолжува со политиките од 18ти век, на насилство и асимилација на народите околу Србија. Дали ова доликува на православна Црква? Дали е ова пораката на нашиот Бог Исус Христос?
Истата политика СПЦ ја спроведува и кон Македонија и Македонците и нашата МПЦ – ОА. Самото засилување на српското влијание на Балканот, преку т.н. Отворен Балкан, повторно го воскресна национализмот низ сите држави.
Ист ваков обид на СПЦ имаше во Македонија со желбата да го наметнат предавникот Зоран Вранишковски за поглавар на МПЦ. Зоран Заев со неговото учество во Отворен Балкан ќе ни ги донесе овие проблеми и во Македонија.