
КОЦЕ КОЦКИЦА ја манијачи Данела
Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, познат на јавноста како Коце Коцкица, даде јавна поддршка за кандидатката за градоначалник Данела Арсовска.
„Со одлука на извршниот и централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Данела Арсовска е поддржана како независен кандидат за градоначалник на град Скопје. Како долгогодишен член и функционер, пратеник, градоначалник, претседател на ЗЕЛС и давам поддршка за градоначалник на Скопје кој ќе работи за интересите на скопјани со што ќе престане четиригодишната стагнација и уништување на македонската метропола“, напиша Трајановски на својот фејсбук профил.
Но сето тоа ќе беше во ред, доколку не процуреа информации од белата палата на ВМРО ДПМНЕ за жестокиот судир помеѓу Коце Коцкица и Мицкоски на темата кандидат за градоначалник на Скопје.
Имено Коце Коцкица ги преминал црвените линии и во еден од т.н. портали Доказ, нарачал отстрел на Данела. Биле доставени највулгарни фотографии и приказни за нејзината женска чесност, навреди од личен карактер, сето тоа спакувано да се објавува од овој „портал“. И точно, порталот започна со објави и навреди по тогашниот сеуште неизвесен кандидат Данела.
Откако го дознал Мицкоски за неговите нарачки во Доказ, жестоко реагирал, по што Коцкица уценувал за негова позиција во идната власт. Наводно, откако му се ветиле „јака позиција“ Коцкица ги повлекол нарачките и се помирил со судбината да ја поддржи Данела за кандидат.
Коцкица ветил пред своите луѓе дека ќе и дише у врат на Данела и нема да ја остави да победи. Тоа е причина плус за загриженост кај Мицкоски.
Дали е ова само дел од информациите за игрите на тронот наречен Градоначалник на Град Скопје, останува за кратко да објавиме.