
СООПШТЕНИЕ за Попис 2021 од МКонцепт
Македонски концепт достави соопштение до јавноста, кое Ви го пренесуваме во целост:
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
03 СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
Македонски Концепт, остро реагира на намерната неажурност на Уставниот Суд на Република Македонија и непостапување по ИНИЦИЈАТИВАТА за оценување на уставност / законитост поднесена од нас, преку адвокат Мартин Бошкоски од 02 април 2021 година, а во врска Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на ПОПИСОТ на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, Службен весник на РМ бр.30 од 04.02.2021 година, Општ дел, точка: 2 Единици што се опфаќаат со пописот.
Имено, Уставниот Суд не постапува по таа иницијатива, иако во тек е незаконско и неуставно спроведување на Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, спротивно на Член 5 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.
Самото спроведување на Попис 2021 година, без законски основ ќе биде ништовно и неприфатливо за граѓаните на Републиката, а само ќе се фрлат во празно милиони евра народни пари, по втор пат за неуспешен попис.
Повикуваме на реакција на јавноста, Претседател на Републиката, Министерство за правда и Судскиот совет, по ова непочитување на Уставот и Законот и итно прилагодување на пописниот процес на законската регулатива.
*Иницијативата Ви ја доставуваме во прилог на ова соопштение во оригинална форма.
_____________________________________________________________________
Тим за комуникација со јавност
Македонски Концепт