
СКАНДАЛ: СДСМ во стилот на груевизмот
СДСМ започна со предвремена незаконска кампања во стилот на груевизмот. Ова беше одлика на владеењето на поранешната влада на Никола Груевски, кога надвор од законските процедури, започнуваше т.н. предкампања.
Во истиот тој стил и на ист начин, СДСМ продолжува со незаконски предкампањи, иако кога беа опозиција плачеа на истите вакви злоупотреби од ВМРО ДПМНЕ.
Дали шефот на груевизмот господиниот Протугер е веќе шеф на заевизмот, што се користат истите методи и начини на кампања?
Дополнително прашање е каде се и кој ги видел новите 60 градинки што ги изградиле или реновирале од владата на Заев? Тоа бара посебна анализа. Ајде за спомениците и скулптурите на Груевски сите знаеме и сите ги гледаме!