AПACИЕВ и KAMИKAЗА: Немаме проекти, ама ги сокриваме

Политика

Петар Геогриевски, познат во јавноста уште како Перо Kaмикaза, заедно со лидерот на Левица Димитар Апасиев објавија до сега чудо нечуедно. Тие немале идеја и проекти што ќе прават со Град Скопје, но пред јавност ќе кажеле дека ги имаат сокриено за да не им ги препишеле. Дополнителен аргумент кон кандидатура за градоначалник на Град Скопје, било тоа што не можеле сега да најават големи проекти бидејќи не знаел со каков бyџeт ќе располаат. Постојат ли сеуште вакви дилетанти во политиката?

„Јас не знам колку пари ќе ми бидат оставени во бyџетот, затоа не сакам да ветувам нешто што потоа нема да може да се реализира“, рече басистот на култниот бенд „Meмopиja“ и поранешен актер.

Пратеникот Апасиев рече дека „Левица“ ќе оди на локалните избори со советнички листи во 40 општини, но не дека програмата ќе биде објавена кога ќе започне предизборната кампања. Иако тој е пример за препишување и половина од проектите на парламентарните избори ги имаше украдено од други политички понуди.

„Ќе имаме советнички листи во 40 општини, а деновиве ќе финишира и програмата за Град Скопје, ама нема да ја објавуваме пред кампањата. Искуството ни кажува дека често ни ги препишуваат проектите. Анкетите, на мое чудење, се оптимистички и покажуваат дека Перо Kaмикaзa влегува во втор круг“, наведе Апасиев.