ДОБРО УТРО од аматерката со дилемите на власта

Добро утро

Дилемите на власта

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Откако се распишаа изборите се сетија да зборуваат за користење на службените возила, божем требало да се донесе посебна одлука за да се појасни што значи службено возило?! Брука невидена! Повеќе од јасно ни беше дека имате неспособни кадри по институциите, ама дека до толку е дојдена работава не знаевме.

Очигледно владеачката структура не е во можност на партиски состаноци да си ги “заузда” избраниците, па мора јавно да ги укорува и да им се заканува. Не беше проблем користењето на службените возила и други ресурси додека им беа слепи послушници. Проблем е сега бидејќи не се сигурни дали истите привилегии ќе бидат користени во нивна полза или на нивна штета!

Вака, со посебна одлука точно ќе определат кој, кога и како ќе ги има тие привилегии оти “каменот од блиску доаѓа”! “Непослушни” актуелни градоначалници им вртат грб, партиски активисти “вријат” со желба за превласт, а “излажаните” им дишат во врат барајќи го ветеното. Но мудро молчат, сигурни во себе дека ќе ги соберат секако незадоволните преку “лажниот спасител” Апасиев, па така ем ќе ги прогласат за “предавници” ем нема да имаат обврска кон нив. Ама домашниот есап на пазар не излегува ист!