ДОБРО УТРО од аматерката со законски рекет на Љупче

Добро утро

Законски рекет на Љупче

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Љупче ќе носи Закон за одземање на имот! Така одеднаш се сети дека ДКСК не функционирала, УЈП па ич! И мора тој, во име на власта да се заложи за сузбивање на корупцијата во државава. И сето ова пред избори!

Па заради таа корупција и криминал станавте власт! Со самото тоа што се “испазаривте” криминално со Грујо, Орце и Сашо сте корумпирани и рамноправни учесници во криминалот! За Боки и Катица па, да не се навраќаме. Рашкоски, до душа, ви го изремети сценариото. Слатка е власта нели? Во неможност и некадарност да ја задржите, сега и законски ќе “рекетирате”?

Дефинитивно за пазар сте најдобри, нема што. Доста ја замајувате јавноста!

Во оваа држава не се проблем законите. Ги има доволно обемни и квалитетни. Проблем сте вие, кои не дозволувате нивна реална и еднаква примена. Ја користите “моќта” за манипулирање на системот. Ако власта ги почитуваше законите и ги имплементираше непристрасно и неселективно, корупцијата и криминалот немаше да биде актуелна тема како што е денес! Имавте доволно време.

Притоа, има доволно предвидени одредби во актуелниот Закон за спречување на корупцијата, само треба да ја оставите ДКСК да си ја врши должноста, да не ги спречувате постапките низ институциите на системот (кој вие ги менаџирате) знаејќи дека без нивна искрена соработка ниту една постапка нема да биде завршена до крај.

Знаејќи го сето ова, без трошка срам и почит, Љупче јавно ги обвинува надлежните институции дека не успеваат да се справат со криминалот и корупцијата! Сега “супермен” ќе ја реши! Тој, како милениче на Зоки ја доби предизборната задача за собирање гласови на оваа тема, а воедно и негово “билдање” рејтинг. Незнам што мисли ви извираат во тоа мазните мозоци, само знам дека “Со лага не бидува Ага”, така рекле стари!