СКАНДАЛ: Македонија лидер во Европа по мртви од корона

Македонија

Ковид-19 коси се повеќе млади луѓе. Неделава во Делчево почина 32-годишно момче. Во тетовскиот ковид-центар почина 21-годишник кој немал никакви придружни болести, а денес во Ресен почина 24-годишнно момче. Лекарите велат дека нема начин на кој може да се предвиди како болеста ќе го нападне организмот.

Македонија со 80 смртни случаи од ковид-19 е лидер во Европа по бројот на смртност на 100 илјади жители во последната недела. Веднаш зад нас се Црна Гора со 60, Русија со 38, Бугарија со 29 и Грција со 21 смртен случај од ковид-19 на 100 илјади жители.

Во ваква состојба, одговорност мора да има за министерот – смрт Венко Филипче. Него уво не му чуе, тера локална кампања. Државата е прва по смртност во Европа, значи умираат највеќе млади луѓе, а министерот лабави, на власт е човекот.

Министерството за здравство смета дека ниската стапка на вакцинација помеѓу младата популација е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исход.