АВГАНИСТАНСКИ деца започнаа да се раѓаат низ светот

Свет

За време на изминатиот викенд една Авганистанка роди девојче во авионот кој пренесувал околу 300 лица, и тоа на само неколку минути по слетувањето во базата во Германија.

Капетан Ерин Бример, медицинската сестра во американската војска, нејзината колешка, мајор Кристин Блуин и наредникот Ламар Мелвин биле повикани да помогнат на 10 минути пред авионот да слета во американската база Рамштајн во Германија.

Додека авионот бил паркиран на пистата, воениот екипаж ѝ помогна на жената при породувањето. Ерин Бример им рекла на новинарите дека ова било најдоброто доживување на светот поради сите околности во кои се случило породувањето.

Според Ерин, условите во авионот биле причина кај жената да започне да се пораѓа бидејќи не јадела ниту пиела вода.

“Го имав тоа во предвид и се обидував да одржам контакт очи в очи, да ѝ дадам до знаење дека сѐ е во ред, дека безбедно може да се пораѓа и дека сме подготвени”.

Најубавиот момент бил кога новороденчето го ставиле на градите на мајката, а и двете се пренесени во најблиската болница.