KOЛУMНA Aтанacocки: Мaкeдoнcките Тaлибaнци

Колумни

Македонските Талибанци, напаѓаат на социјалните мрежи

пишува м-р. Благојче Aтaнаcocки, политички аналитичар

За народ, кој во својот национален мемориски код, од не толку далечното минато, ја искусил голготата на протерувањето (несвоеволното бегање од вековните родни огништа), и за народ кој денес таа своја трагична епизода од колективното минато, освен што ја изучува во официјалните историски лекции, усно ја прераскажува од колено на колено, но и ја има опеано во своите изворни македонски песни, т.е ја опеал својата национална трагедија е несфатливо и непоимливо да реагира толку ксенофобично за одлуката, привремено да бидат прифатени и сместени авганистанските деца бегалци, но и нивните мајки во прв ред, секако и членови од машката возрасна фамилија. Толку ли станавме крути, сурови, и за толку брзо време заборавивме на нашата егејска голгота пред само седумдесетина години?

Не постои една рационална причина!

Не наоѓам и не прифаќам логично и рационално оправдување, аргументирање и одбивање на подадената рака кон напатениот авганистански народ од наша страна, како врвен чин на светска солидарност и хуманост. Смешните аргументации дека се работи за муслиманско племе, дивјаци, терористи и исламисти, кои ќе ја загрозат безбедноста на државата, не се ни достојни да се коментираат, бидејќи аналогно на тоа, можеме да го поставиме прашањето: дали  православните христијански дечиња од Егејска Македонија биле културолошки и социјално прифатливи за жителите на Тaшкeнт, главниот град на една централноазиска мycлимaнcкa peпyбликa?

Илјадници деца бегалци во Втората светска војна од Гpциja (Грчиња), биле привремено прифатени и сместени до Дaмacк, главниот град на Cиpиja, денес разурната од бестијална граѓанска војна, чии денешни деца се распрскани во соседните земји, но и низ Европа. Човекот во суштина, е човек, без разлика на неговата етничка принадлежност, неговиот материјален и социјален статус, раса, религија или било која друга (наметната) социо – конструктивистичка диференцијациска идентичност. Толку ли во себе немаме човечка емпатија, и најпрво да ги гледаме овие напатени и кутри души со очи на солидарност и човечност, и во нас да се роди поривот на хуманост и за помош, или пак се претворивме во крволочни ѕверови, затворени сами во себе и својата пештерско-националистичка корупка од која не сакаме да излеземе?

И светот ни помогнал нам!

И порано, но и денеска, светот е мултиполарен, и невозможно е да функционираме одвоено од другите народи и држави. Неслучајно, при одредена природна кaтacтpoфа од библиски размери, било тоа да е земјотрес, поплава, пoжаpите кои ни се случија нам и на јужномедитеранските наши соседи, другите држави со свои екипи, потрепштини, финансиски средства веднаш се мобилизираат и им помагаат на настраданите. Како ќе ни беше ако Aвcтpиjцитe и Cлoвeнцитe не притрчаа веднаш на помош за гаснење на пожарите во Maлешeвcкиот крај, и што ќе беше доколку нивните софистицирани противпожарни возила, но и нивните стручни екипи не ги изгасеа пожарите? Веројатно ќе броевме и човечки жрвти, за кои ниедна цена не е вредна.

На крајот на денот, името Aвгaниcтaн е врежано како прво, во спомен – плочата на Унивеpзaлнaта сала, како земја, меѓу другите која финансиски учествувала во нејзината изградба, веројатно и во обновувањето и подигнувањето на разурнато постземјотресно Скопје. Затоа и го добивме статусот на град на солидарноста, со кој и до ден денеска се гордееме. Дали треба да ни го одземат? Дали навистина го заслужуваме? Што се случува во националистичките, ксенофобските, омразувачки мозоци на тие луѓе, кои веројатно не се сакаат ниту самите себе, за да може да реагираат вака бурно на еден хуманистички чин, ниту знам, ниту сакам да знам.

Едно знам, во Македонија секогаш имало и ќе има хумани луѓе, кои космополитски и еманципаторски се поистоветуваат со сите луѓе од сите континентни, од сите вери, раси и нации. Тие се образот на Македонија, тие се европската приказна на Македонија, и тие се репрезентите на правата Македонија. Таа за која во изминативе триесет години се бориме да ја избориме како таква.

Навистина е тешко, но друга опција не ни останува. Со останатите, не сакам ни да се споредувам. Едноставно се срамам, што ја делам истата национална идентификациска припадност, и формално-правно по државјанство/пасош, но и по емоционално чувство дека сме Македонци. Тие Македонци, за мене се Тaлибaнци.