ДОБРО УТРО од аматерката со Петре Фондацијата

Добро утро

Петре Фондацијата

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Петре го достигна врвот со своето каубојско – арогантно однесување! Храбро и одлучно против сите закони си основа Фондација на име на Градот Скопје!

Петре, нели како искусен правник свесно го занемарил член 13 од Закон за Град Скопје во кој децидно е наведено: ” Градот Скопје за вршење на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, може да основа ЈАВНИ СЛУЖБИ, во согласност со закон”. И како Петре ќе не убеди дека фондацијата е јавна служба, многу е интересно?! Јавната служба најопшто кажано претставува збир на услуги што им се неопходни на сите граѓани во општеството, без кои не би можело да се замисли човековото секојдневие во современи услови.

Очигледно без фондацијава од Петре, неможе да се функционира. Уште поинтересно е тоа што истата ќе се финансира од Град Скопје, а за тоа ќе треба да доставува финансиски извештај до градот Скопје! Лудило!

А Советот дали донел ваква одлука или Петре сам си одлучил, не се знае. Па и нема кој да “му води сметка”, министрите се веќе во кампања, народот преплашен од пандемијата, во партиите “се тепаат” за кандидати, а наш Зоки со широко срце се солидаризира со се што ќе му дојде при рака, па и со Петре. Терај Петре и онака овај “брод е без капетан” кај и да е, ќе се насука на брегот!