ДОБРО УТРО од аматерката со законско – незаконско финансирање на капања

Добро утро

Законско – незаконско финансирање на капања

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

По втор пат Заев и Филипче искористувајќи ја моменталната ситуација си ја отпочнаа официјално предизборната кампања! Како и претходните избори така и сега си тераат со иста стратегија. Ние може “мастило” пиеме?!

Претходните избори на истиот начин Заев го испромовира Филипче, па го “ушалта” во раководство на СДСМ, како најзаслужен, а во исто време најкорисен за својот џеб. И овој пат, иста стратегија па до душа, и нема друга. Нема ниту еден значителен проект со кој можат да се пофалат. Тапа!

Работи само ” бројчаникот” што го “штима” Филипче на оздравени, заболени, вакцинирани, преживеани и непреживеани! Фокусот се задржува на пандемијата, здравјето е најважно нели!? Многу поважно од дупките по улиците, ужасните ДУП-ови донесени во меѓувреме, хаотичниот сообраќај, септичките јами во 21-ви век, руинирани училишта и детски игралишта мислиш, во Чернобил се наоѓаш.

Веќе разработената и успешна стратегија ја применуваат повторно. Со државни пари си направија кампања под слоганот “ЗА” како во старите “добри” времиња. Кај и да е, ќе покаже “бројчаникот” доволно висока бројка за воведување на нови мерки со кои ќе го ограничат движењето, дружењето, собири, кампања на неистомислениците и други активности кои не им одат во прилог, па така ќе си имаат ексклузивно право да си се самопромовираат! Требало или не, владини пресови, емисии и ТВ дебати на теми каде Филипче и Заев ќе глумат душегрижници за сопствениот народ. И така ќе бидат повеќе присутни од останатите – законски де!

Па некаде пред денот на гласање, бројките ќе се намалат ќе се овозможи нормален тек на изборниот процес секако со низа “протоколи” кои ветуваат безбедност на гласачите. Ќе измислат нови дискриминаторски мерки за состав на избирачките одбори, па и тоа ако не вроди со “плод” и системот на ДИК ќе го прогласат за “позитивен”на вирусот. На крај може и да се прослави во зависност од расположението! После тоа, ќе му ја мислат.