КОНЕЧНО ја зафркнавме Грција

Балкан

Се исполнија и најжалните соништа на оние кои сакаат да и вратат со лошо на Грција. Додека Грција соопшува дека ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и дека е поставен нов систем за надгледување за да се спречат можните мигранти да влезат во Европа, по преземањето на Авганистан од Талибанците, ние им го донесовме Авганите зад грб, во Македонија, па ќе им ги пуштиме преку Богородица. Џабе толкава инвестиција и маки да се изгради ѕидот.

Настаните во Авганистан ги засилија стравовите во Европската унија дека ќе повтори мигрантската криза од 2015 година, кога речиси еден милион луѓе преминаа од Турција во Грција, бегајќи од нестабилноста на Блискиот исток, а потоа продолжија на север кон побогатите европски држави.

Според грчкиот министер Михалис Хрисохоидис, кризата во Авганистан создаде можности за нови напливи на мигранти.

„Не можеме да чекаме пасивно. Нашите граници ќе останат безбедни и непроодни“, изјави тој.

Но тој не ја пресмета Македонија и нашето „големо зајачко срце“, па преку МК ќе им увеземе Авганистани!

Хрисохоидис кажа дека оградата, која е продолжение на претходната ограда долга 12,5 километри била комплетирана изминатите неколку дена и дека има модерен, автоматизиран систем за надгледување.